Академија Пандев останува прволигашки лидер и по третото коло, како единствен тим со максимален ефект од девет бодови, откако попладнево најмладиот макеоднски прволигаш успеа да го победи и европретставникот Шкупи со 1-0 во Турново. Вардар, пак, ја доби скопската пресметка со Македонија ЃП со 1-0 и тоа повторно благодарение на гол на Тигран Барсегјан.

Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска го имаше расположениот Филип Гачевски, кој одбрани сè што шутнаа „лавовите“, а Барсегјан рутински го реализираше пеналот на четири минути пред крајот на првото полувреме за да донесе водство и практично да го постави конечниот резултат на мечот. За Ерменецот Барсегјан ова е трет гол од четирите што досега во сезоната ги постигнаа вардарци, а втор меч по ред, по тој со Ренова во Тетово, погодува за да донесе победа со која Вардар со седум бодови е веднаш зад Академија Пандев.

Пандевци ја запишаа и третата сезонска победа откако го победија Шкупи во меч на кој дуелот беше решен во 21-та минута со голот на Диме Димов, со што само ја продлабочи кризата на чаирчани, кои пред четири дена испаднаа од Купот со поразот од пехчевски Кит Го со 0-2 и останаа без тренер по оставката на Зекирија Рамадан. Ниту играчот повеќе во последните 12 минути не беа доволни за чаирчани да се спасат од пораз, како во првото коло со Силекс (1-1). Шкупи останува без победа по 270 минути игра, откако во првите две кола двапати ремизираше.

loading...

Работнички ѝ го нанесе првиот пораз на прилепска Победа и денеска запиша втора победа во третиот меч со триумфот на „Тумбе Кафе“ во Битола со 2-0. По само пет минути Остоја Стјепановиќ реализираше пенал за водство за дебармаалци, а Петар Петковски, кој игра извонедно на стартот на новата сезона, погоди во 60-та за да ја обезбеди победата. За Петковски ова е четврти сезонски гол во дресот на дебармаалци.

Силекс со голот на Димитар Иванов на две минути пред крајот стигна до првата сезонска победа по ремито со Шкупи (1-1) и поразот од Работнички (1-2) на почетокот на оваа нова сезона во прволигашкото друштво.

ПРВА ЛИГА 3.КОЛО

Вардар – Македонија ЃП 1-0 (1-0)

Барсегјан 41 п.,

Академија П. – Шкупи 1-0 (1-0)

Димов 21

Победа – Работнички 0-2 (0-1)

Стјепановиќ 5 п., Петковски 60

Силекс – Ренова 1-0 (0-0)

Иванов 88

Шкендија – Беласица играат утре

ТАБЕЛА: Академија Пандев 9 бода, Вардар 7, Работнички 6, Силекс 4, Победа 4, Ренова 3, Шкендија 2 (-1), Шкупи 2, Македонија ЃП 1, Беласица 0 (-1).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here