Зоји Ла е планински превој на Хималаите, долг 9 километри, кој е составен дел од индискиот државен автопат 1Д.

На некои делови се издигнува и до 3.528 метри надморска височина.

Истовремено, станува збор за најверојатно најопасниот пат на светот, на кој животот секоја година го губат неколку десетици луѓе.

loading...

Причината за тоа се крие во нерамниот и непреоден терен на кој е изграден овој пат, но и немилосрдните временски услови.

Поради снег, кал и мраз, несреќите во зимските месеци овде се редовна појава, па патот постојано се затвора.

Всушност, овој пат беше затворен од 11 декември минатата година до 6 април 2018 година.

Локалните власти ја научија лекцијата од 2009 година, кога поради снег преземаа голема акција за спасување, со цел да извлечат 350 лица заробени на разни делови од патот.

Покрај тоа, станува збор за пат кој има дури 60 свлечишта, но не и заштитна ограда.

Возачите ги деконцентрираат стада на домашни животни кои не се ретка појава на овој пат, како и остатоци од автомобили и автобуси кои не успеале да ги преживеат страшните услови кои владеат таму.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here