Полицајка од Земун би можела да остане без работа откако со 2,2 промили алкохол во крвта избегала од полициска станица каде била на трезнење бидејќи пијана предизвикала сообраќајка удирајќи со автомобилот во таксист.

Полицајката пред неколку вечери удрила во едно такси возило во Земун.

При ударот, дошло до помала материјална штета кај автомобилот на таксистот, па возачите се обиделе да се договорат околу наплата на штетата без да повикаат полиција, пренесе Блиц.

loading...

Кога почнале да преговараат, полицајката била целосно дезориентирана. Тешко зборувала и после неколку неуспешни обиди за договор, таксистот на крај повикал полиција, вели извор за Блиц.

Полицајците на колешката и направиле алкотест и останале во шок. Имала 2,2 промили алкохол во крвта.

Во истиот момент полицајците ја привеле колешката во станица, во дежурната служба за трезнење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here