Истрагата за големата трагедија која се случи со фудбалскиот клуб Чапекоенсе, откако авионот со кој одеа на гостувањето во Меделин (Колумбија) се урна на 28 ноември 2016 година конечно е завршена и денеска беше објавена причината поради која загинаа 71 лице во авионот.

Колумбиската авијација официјално ги објави деталите за несреќата, а официјално авионот се урнал во близина на Меделин затоа што останал без гориво. Со истрагата било утврдено дека 40 минути пред несреќата, авионот останал без гориво, а посадата на авионот и полотот не реагирале на време и поради тоа се случила страшната несреќа во која Чапе остана без целиот тим, а постхумно го доби трофејот во Купот Судамерикана.

Компланијата која го организирала летот од Санта Круз до Меделин е посочена како одговорна затоа што авионот не добил доволно залихи на гориво и што не е одредено планирано слетување на друг аеродром за авионот да добие доволно керозин за долгиот пат.

loading...

Исто така, дел од вината е ставен на грбот на воздушната контрола која не била свесна за ситуацијата во која се наоѓал авиотнот со фудбалерите на Чапекоенсе и кој немал никакви шанси за да стигне до аеродромот во Меделин.

Во авионот имаше 77 лица, а шестмина ја преживеаа трагедијата, меѓу нив и тројца фудбалери Алан Рушел, Џексон Фолман и Нето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here