Поранешен младински репрезентативец на Романија, Клаудиу Василе Бумба би требало да биде едно од големите засилувања за Вардар во летниот преоден рок.

Според информациите на „Спорт1“, Вардар е сериозно заинтересиран за 24-годишниот романски фудбалер Клаудиу Василе Бумба.

Бумба е офанзивен играч од средниот ред кој може да игра и како крилен напаѓач. Неговиот последен клуб е Конкордија Чиајна, а претходно го носел дресот и на Динамо Букурешт, Хапоел Тел Авив, Таргу Муреш и Баја Маре.

loading...

Бил и на едногодишна позајмица во младинскиот состав на Рома во сезоната 2012/2013 со која го освоил младинскиот суперкуп во Италија. Италијанскиот клуб за позајмицата платил над половина милион евра, но потоа не ја искористил опцијата и комплетно да го откупи фудбалерот.

Бумба ги поминал сите младински категории на репрезентацијата, а има еден настап на пријателски меч и за сениорскиот состав на Романија.

Вардар ќе има голема реконструкицја во составот за наредната сезона откако повеќе фудбалери го напуштија клубот по историскиот успех во Европа. Се очекува наскоро и официјално да бидат промовирани нови засилувања во тимот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here