Начинот на кој родителите ги одгледуваат децата е директно поврзан со изградбата на психичките структури и типот на личност кај децата. Уште во првата половина на 20 век психоанализата на возрасни лица убедливо покажала дека возрасните кои како деца не добивале доволно љубов, станале невротични личности. Оттука произлегоа новите насоки: На децата мора да им покажувате љубов. Немојте да ги трауматизирате прикривајќи им ја љубовта. Но…

Ако непокажувањето љубов води до невроза, зар спротивното не е точно, дека покажувањето љубов води до здраво формирана личност?

Следејќи ги советите за современото одгледување деца, а со цел сочувување и унапредување на детското душевно здравје, на родителите им стана најважно како се чувствува нивното дете. За родителот да мисли дека е добар родител, неговото дете мора постојано да се чувствува сакано и среќно. Затоа родителите почнаа многу да се трудат за да ги уверат децата дека се сакани, овозможувајќи им само позитивни доживувања и искуства.

loading...

По неколку децении таква практика почнавме да согледуваме дека не е нужно така одгледуваното дете да прерасне во среќен возрасен човек. Со разочарување сфативме дека другата формула – „среќно“ дете, несреќни родители – не само што е можна туку е и најверојатна. Вистинската среќа е едно, но во овој случај – разгаленото дете е новата патологија како резултат од новиот пристап во одгледувањето.

Првото би израснало во патолошки нарцис, а второто во пасивно-зависна личност.

Разгалените деца, наспроти високата интелигенција, растат во несоцијализирани личности кои не сакаат да пораснат, кои се себични и нарцисоидни, слабо ги контролираат своите импулси, склони се кон насилство, немаат работни навики иако имаат таленти, и поради неизбежниот неуспех во животот, долго остануваат во симбиотска врска со своите родители и во зрели години.

За разлика, презаситените деца се многу пасивни бидејќи за себе мислат дека се неспособни, се плашат од светот околу себе, кој го доживуваат како опасно место, поради што исто така се во симбиоза со родителите или доминантните партнери.

Па, се поставува прашањето: Како љубовта може да предизвика нарушување? Љубовта не може да го уништи детето, таа и тоа како е потребна, но го уништува она што често го нема во овој пристап, а тоа е дисциплинирањето. Сакајќи постојано да ги усреќуваат своите деца, родителите почнаа да избегнуваат да влегуваат во конфликт и со тоа станаа попустливи.

Дисциплинирањето подразбира конфликт помеѓу желбата на детето и волјата на родителите. Всушност, тоа е неизбежен конфликт на биологијата и социологијата. Со оглед на тоа што целта на родителот е да го социјализира детето, тој е оној што во конфликтот треба да преовлада.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here