Легендарниот италијански кошаркар Антонело Рива смета дека репрезентацијата на Југославија од 1991 година е најдобриот тим на сите времиња во Европа.

Југославија, предводена од Ѓорѓевиќ, Кукоч, Дивац, Даниловиќ, Раџа и други легендарни кошаркари, го освои златото на Евробаскетот во Италија таа година.

Во интервју за „Независне новине“ Рива рече дека тој тим бил прејак и дека „сите се обидовме со сѐ, но беше невозможно да ги победиме.“

„Беа прејаки за сѐ, тоа беше најголемиот тим што некогаш го имала Југославија и најверојатно најдобриот во Европа на сите времиња. Се обидовме со сѐ на тој натпревар, но беше невозможно да ги победиме, никогаш не сум играл против толку јак противник. Секој играч имаше карактеристики како Ѓорѓевиќ. На пример, Владе Дивац беше снажен како и многу други центри, но технички беше фантастичен играч и врвно додаваше. Имав среќа да играм со него во Ол стар екипата за Европа, поминавме една недела заедно. Тој е еден сјаен човек и играч“, изјави Рива.

Југославија во финалето на Евробаскет во 1991 година го победи домаќинот Италија со 88:73, а тимот го предводеа Раџа со 23 поени, Кукоч со 20, Перасовиќ со 12 и Дивац со 10 поени.

loading...

За MVP играч на турнирот беше прогласен Тони Кукоч.

Составот на тимот на Југославија на првенството во 1991 година:

Зоран Сретеновиќ (Сплит)

Велимир Перасовиќ (Сплит)

Тони Кукоч (Сплит)

Зоран Савиќ (Сплит)

Аријан Комазец (Задар)

Александар Ѓорѓевиќ (Партизан)

Предраг Даниловиќ (Партизан)

Жарко Паспаљ (Партизан)

Зоран Јовановиќ (Црвена ѕвезда)

Јуре Здовц (Олимпија)

Дино Раџа (Виртус Рома)

Владе Дивац (Л.А. Лејкерс)

Тренер: Душан Ивковиќ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here