Вечерва беше утврден распоредот во Серија А за сезоната 2018/19, Кристијано Роналдо првиот натпревар во дресот на Јувентус ќе го има на Марк Антонио Бентегоди

Португалецот е најзвучниот трансфер ова лето до овој момент и многумина со нетрпение го чекаат неговиот прв настап за Јувентус. ЦР7 се уште е на одмор па нема да биде дел од турнејата на „Старата Дама“ во САД каде избраниците на Макс Алегри ќе одиграат три натпревари.

Кристијано Роналдо почнува со тренинзи следната недела, и самиот играч на презентацијата во Торино соопшти дека целта му е да се појави на теренот во првото коло од новата сезона во Калчото.

loading...

Доколку се оди според планот, тој свото деби ќе го има на Марк Антонио Бентегоди откако вечерва беше утврден распоредот во Серија А за сезоната 2018/19.

Актуелниот шампион во првото коло, кое е на програмата на 18, 19 и 20. август, гостува кај Киево. На стартот најинтересен ќе биде дуелот помеѓу Лацио и Наполи. Горан Пандев со Џенова гостува кај Милан, Интер гостува кај својот најголем кошмар во последните неколку сезони, Сасуоло а незгодно гостување има и Рома кај Торино.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here