Само 3 отсто од испитаниците во истражувањето на јавното мислење на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) потврдиле дека го прочитале Договорот со Грција. Тоа значи дека само 32 од над 1000 анкетирани лица се запознаени со самиот договор, известува “Рефлектор”.

Во испитувањето кое за МЦМС го спровела агенцијата “М-проспект” во периодот од 24-ти јули до 1-ви август 2018 година, 84 отсто од испитаниците изјавиле дека се запознаени со договорот, од кои помалку од 20 отсто сметаат дека се целосно запознаени, додека 28 отсто се само делумно или воопшто не се запознаени со Договорот со Грција.

loading...

На прашањето од каде се информирале за овој договор, мнозинството одговорило дека за тоа се “виновни” медиумите (73%), социјалните мрежи (14%) и пријателите (6%).

Со договорот е предвидено нашата држава да го добие името Република Северна Македонија за севкупна употреба, со што државјанството ќе биде “македонско/граѓанин на Република Северна Македонија”, а официјалниот јазик ќе биде “македонски јазик”. Според анкетата, овој податок го знаеле само 17 отсто од испитаниците.

Документот за конечната спогодба можете да го погледнете на следниот линк.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here