ФИФА пресече, мундијалот во 2022 за прв пат ќе има нов термин и ќе се одржи од 21. ноември до 18. декември, нејасно е само дали ќе учствуваат 32 или 48 репрезентации.

Уште кога Катар ја доби организацијата за мундијалот се најавуваше дека тој нема да се организира во лето поради високите температури. Клубовите од Европа веднаш е побунија, но и покрај протестите и заканите, ФИФА очигли СП 2022 да се игра во ноемви и декември.

„Одбран е датумот за Светското првенство во Катар, мундијалот ќе се игра од 21. номеври до 18. декември 2022. Сите нацинални првенствата веќе се известени и ќе треба да ги адаптираат календарите соодветно. На крајот ова е правилната одлука“ – рече Џани Инфантино на прес конференција која попладнево се одржа на Лужники Стадионот во Москва.

loading...

Првиот човек на ФИФА сепак не можеше да потврди колку репрезентации ќе учествуваат. Од Јужна Америка има барање веќе во Катар да се појават 48 тимови.

„Во следните неколку месеци ќе се сретнеме со луѓето од Катар и ќе дискутираме. Во моментов, планот е да има 32 репрезентации“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here