Медиумите од „Чизмата“ откриваат нови детали за можниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус, се шпекулира дека ЦР7 се сели во Kалчото поради малиот данок во Италија.

По крајот на финалето од Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо соопшти бомба и заминување од Реал Мадрид. Се чини дека оваа најава ќе се реализира, Португалецот е пред мега трансфер во Јувентус вреден околу 100 милиони евра.

Низ медиумите кружат голем број на шпекулации зошто ЦР7 се решава на еден ваков чекор, и зошто го одбрал Јувентус како следна дестинација.

loading...

Тоа што Флорентино Перез не го исполни ветувањето за нов побогат договор е една од причините, исто како и проблемите со даночните власти во Шпанија. Кристијано Роналдо смета дека Реал Мадрид не го заштитил доволно во хајката која се водела против него за затајување данок, поради која можеше да заврши и зад решетки но успеа да се спогоди за договор со кој ќе куртули затвор.

Кристијано Роналдо наводно го одбрал Јувентус откако фановите го придобиле со својата реакција кога доби овации и аплауз по голот со ножички среде Торино во Лигата на шампионите.

Но весникот Ил Матино сега излезе со една друга теорија и вели дека Кристијано Роналдо ја одбрал „Старата Дама“ поради новиот закон за данок во Италија.

Имено, во 2017 на „Чизмата“ е воведен рамен данок со цел да се охрабрат инвеститори од странство и познати личности да се преселат во Италија. Овие лица ќе треба да платат максимум 100.000 евра данок на приходот кој ќе го остварат во странство.

Тоа значи дека сиот приход на Кристијано Роналдо од спонзорски договори, капитални добивки па и недвижен имот остварен надвор од Италија ќе биде оданочен со само 100.000 евра, а поовластени даноци ќе плаќаат и членовите на неговото семејство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here