Играчот на Тотенхем и репрезентативец на Јужна КорејаХеунг Мин Сон „се спаси“ од служење војска откако неговата репрезентација успеа да освои златен медал на Азиските игри. Јужна Кореја во финалето ја совлада Јапонија со 2:1 по продолжение, а во регуларниот дел беше 0:0.
Сон со освоениот златен медал доби ослободување од служењето на воениот рок што е задолжително во неговата држава. Исклучок се прави за спортисти кои ќе постигнат меѓународен вреден резултат како членови на националната репрезентација.
Воедно и неговиот клуб Тотенхем му излезе во пресрет бидејќи Сон беше ослободен од обврските во клубот за да настапува на Азиските игри што се одржуваа во Индонезија.
loading...