Руската компанија Caviar започна да ја продава својата верзија на iPhoneX со соларно полнење по цена од 4,555 долари.

Caviar својата прва верзија на преработен Apple iPhoneX ја нарече iPhone X Tesla, а своите планови за развој на една ваква „десетка“ ја најави уште во ноември минатата година.

Со оглед на тоа што Caviar не произведува уреди на Apple, ниту пак на Tesla, функциите на iPhone X Tesla не се вградени директно на уредот, туку всушност станува збор за куќиште кое што е поврзано со телефонот.

loading...

Специјалното куќиште на Caviar поседува соларен панел кој што ја напојува секундарната батерија, па така корисниците можат да сметаат на значително поголем капацитет на батеријата од вообичаениот iPhone X. Од Caviar тврдат дека куќиштето е отпорно на вода и прашина, односно ги исполнува стандардите IP67.

Првото куќиште на Caviar има изгравиран натпис “Made on Earth by Humans” и со тоа му се оддава почит на Илон Маск, првиот човек на Tesla кој што со помош на ракетата Falcon Heavy на исто така неговата компанија SpaceX, го испрати автомобилот Tesla Roadster во вселената.

Секое куќиште ќе поседува свој продукциски број, а од Caviar велат дека ќе бидат произведени вкупно 999 примероци. За 4,555 долари купувачите ќе добијат iPhone X Tesla со 64 GB интерна меморија, додека моделот со 256 GB интерна меморија ќе се продава по цена од 4,805 долари.

Caviar претходно произведе специјална Nokia со која што беше одбележана средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, а тој телефон е продаваше по цена од 2,500 долари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here