Луис Суарез беше дел од сивилото на целиот тим на Барселона во фамозниот меч со Рома кој се одигра на „Олимпико“ во Рим, натпревар кој за каталонскиот гигант дефинитивно беше најлош и најболен минатата натпреварувачка сезона.

Рома успеа да се врати од негатива од 4:1 и со победа од 3:0 на домашен терен ја елиминираше Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но Суарез сега открива дека најмногу жали за тоа што го направил три дена пред дуелот со „волчицата“.

Суарез смета дека веќе е во години кога мора да дозира на одредени натпревари, а според него, таков бил дуелот со Леганес кој се одигра само неколку дена пред потопот во Рим.

loading...

– Навистина жалам за тоа што го направив неколку дена пред дуелот со Рома. Го одиграв цел натпревар со Леганес на домашен терен во ситуацијата кога имавме огромна бодовна разлика, а за три дена го имавме финалето со Рома. Бев изморен на дуелот со Рома, во иднина треба да внимаваме на тоа, посебно ние играчите, – вели Суарез во интервјуто за „РАЦ1“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here