Граѓаните на Австрија имаат право да „покажат среден прст“ или да упатуваат навреди и пцовки на сметка на политичарите, се додека можат да ја докажат оправданоста на таквите акции, пресуди Апелациониот суд во таа земја, повикувајќи се на слободата на мислење.

Вице канцеларот во таа земја, и лидер на австриската крајна десница, Хајнц Кристијан Штрахе, ги обвини активистите на една радикална левичарска група дека „јавно го навредувале“ на една манифестација, бидејќи претходно видео од тој инцидент се појави на социјалните мрежи.

Судот, каде беше поднесена тужбата, истата ја отфрли, а потоа тоа го потврди и Апелациониот суд.

loading...

Правото на „провокативен и шокантен“ начин да се изнесува политичко мислење претставува „фундаментален дел од слободата на изразување“, стои во пресудата објавена вчера.

На снимката од инцидентот, кој се случил на манифестација одржана во ноември, припадниците на организацијата крајна левица, ги набројале причините поради кои јавно упатувале пцовки кон овој политичар, на транспарентите кои ги носеле.

Тие, притоа покажувале и среден прст.

Оваа група ја поздрави пресудата, карактеризирајќи ја „како победа на слободата на размислување и изразување“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here