Кинескиот град Тонгрен прв во земјата потпиша договор со американската компанија „Хajперлуп“ (Hyperloop Transportation Technologies – ХТТ).

„Хajперлупот“, кој уште во 2013 година го промовира Илон Маск како супербрз, футуристички превоз, може да транспортира луѓе и товар со брзина од 1.000 километри на час речиси без триење, користејќи капусли под притисок.

Почетниот договор помеѓу ХТТ и Тонгрен ја покрива изградбата на тест-патека во должина од 10 километри.

loading...

 

„Десет километри се неопходни за системска и патничка оптимизација пред проширувањето на линиите. Засега, договорот за 10 километри е најголемиот договор за официјална спогодба за кој било систем на хајперлупот “, истакна Бен Кук, директор на ХТТ за односи со медиумите.
„Ние ќе имаме можност да постигнеме нови рекордни брзини на оваа оддалеченост. Ќе стигнеме до брзина од 1.079 километри на час“.

ХТТ исто така потпиша договори за хајперлуп со Абу Даби и Украина претходно годинава. Првата хајперлуп-патека во Тулуз, Франција, почна да се гради во април оваа година. Првата фаза вклучува 320-метарски систем.

Познат по необичниот планински пејзаж и огромна карсна топографија, Тонгрен ќе служи како добар терен за тестирање за ХТТ за подобрување на начинот и технологијата на изработка.

„Тоа ќе биде предизвик, но сосема е можно со постојната технологија“, истакна Кук.

Тонгрен се наоѓа во провинцијата Гуижоу, една од набрзорастечките провинции во Кина, која во последните неколку години за обнова и надградба на инфраструктурата вложила повеќе од 100 милијарди долари. Тонгрен станал дом за многу кинески и меѓународни технолошки компании како „Епл“, „Алибаба“ и „Амазон“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here