Во тешка сообраќајна несреќа во Унгарија, во судир меѓу автобус и камион, загинаа девет романски државјани.

Романското Министерство за надворешни работи соопшти дека несреќата се случила 60 километри југоисточно од Будимпешта кога возилото преминало во спротивната лента и се судрило со камион.

Во автобусот имало седум мажи и две жени и сите загинале. Една од жените, која патувала со својот сопруг, била бремена.

loading...

Возачот на камионот поминал со полесни повреди.

Според зборовите на официјални лица, најмалку четири од жртвите, кои работеле во Словенија, се враќале дома.

Локалните медиуми објавија снимка на која се гледа директниот судир на автобусот и камионот, но автентичноста на снимката не е потврдена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here