Иако живееме во 21 век во Македонија сѐ уште постојат луѓе на кои им се крева адреналинот кога гледаат борби со кучиња, како и поединци што заработуваат организирајќи вакви настани. Како што велат упатените, борбите со кучиња се безмилосни, некогаш борбата трае додека едното куче не умре, а некои пак се помилостиви, па ја прекинуваат борбата кога едно од кучињата има сериозни повреди. Приходи од борбите вообичаено се остваруваат преку наплаќање билети за гледање на борбите, како и преку обложување, пишува ЗаСе.мк.

Според Законот за заштита и благосостојба на животните забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби на животни за какви било намени. Законот предвидува глоба од шест илјади евра во денарска противвредност. Сепак, казните немаат ефект кога надлежните не превземаат ништо.

Последен таков пример се борбите во Тетово и Струга, однсоно Ново Село, Струшко. Вчера на затвотената Фејсбук група Amabo-Kennel се појавија ужани видеа од борби со кучиња, но и покрај реакциите на месното населени во струшката полиција, па дури и до Арбен Таравари, реакција НЕМА!

loading...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here