Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара Никола Груевски, обвинети во предметот Насилство во Општина Центар, да биде приведен, бидејќи упорно доцни на ова и на сите останати судења кај што е обвинет.

„Вас не ве почитува чесен суде, не нас обвинителите. Пратете полиција по него, поминаа 20 минути како го чекаме сите овде седнати во судницава“, додаде обвинителот Гаврил Бубевски.

Во тој момент влезе обвинетиот Груевски, а судијата Душан Јосифов само го опомена дека пречесто доцни и оти тоа веќе на ништо не личи. Груевски само го погледна и ништо не му одговори.

loading...

Претходно Митко Пецов, еден од обвинетите за насилствата во Општина Центар во 2013 година, бараше да си оди дома, зашто жена му требало да прими инсулинска терапија. Судијата Душан Јосифов не му дозволи да си замине, и со тоа судењето денеска не се одложи.

Откако се виде дека нема ништо од одлагањето, влезе Груевски и тоа Фетаи му го забележа пред судијата. Во моментов сведочи Јован Тагасовски, поранешен советник од СДСМ и кажува што се правеле советниците од ВМРО-ДПМНЕ, за да ги внесат напаѓачите внатре.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here