Фејсбук во изминатите неколку недели спроведувал истражување на пазарот кое би требало да им даде одговор на прашањето дали да се воведе опција за претплата во која би немало реклами, доколку истата би привлекла повеќе корисници.

Како што пишуваат светските медиуми, Фејсбук ја разгледувал оваа опција и претходно, а сè се интензивирало по неодамнешниот скандал со крадењето на податоци од оваа социјална мрежа. Изворите кои инсистирале да останат анонимни сепак наведуваат дека идејата можеби нема да се реализира и дека сe уште не се работи за конкретен план.

loading...

Закерберг ги поттикна гласините

Фејсбук официјално засега одби да ја коментира можноста за претплата на социјалната мрежа во која на корисниците кои ќе платат одреден месечен износ, нема да им се појавуваат реклами.

Гласините за таквиот модел ги поттикна и директорот на Фејсбук, Марк Закерберг кој, одговарајќи на прашањата пред американскиот конгрес минатиот месец изјавил дека “секогаш ќе постои бесплатна верзија на Фејсбук”, што би значело дека постои веројатност и за верзија која ќе се наплаќа.

Изворите велат дека Закерберг сериозно размислувал за ваквата опција, која сепак не би го заменила постоечкиот модел туку би била насочена кон отстранување на честата причина поради која корисниците го напуштаат Фејсбук.

Компанијата минатата година заработила речиси 41 милијарда долари, продавајќи реклами кои биле таргетирани кон параметрите на корисниците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here