Интер ова лето се обиде во Милано да го донесе Лука Модриќ, се говореше дека Хрватот имал џентлменски договор со Реал Мадрид за заминување од Сантијаго Бернабеу доколку добие примамлива понуда.

„Нероаѕурите“ беа подготвени да му понудат четиригодишен договор и плата од 10 милиони евра по сезеона, како и да му обезбедат две додатни години во Кина исто така за по 10 милиони евра по сезона.

loading...

Флорентино Перез сепак не сакаше да слушне за продажба на репрезентативецот на „коцкестите“, особено што Интер не нудеше богатство и се обидуваше да го донесе играчот на позајмица.

Медиумите од Италија сега пренесуваат дека во Монако разговарале со првиот човек, кој помеѓу другото им рекол: „Никогаш не сум видел клуб да сака да ја купи нашата 10-ка без да плати. Прв пат ми се случува нешто вакво во животот“.

Скај Италија потоа го запраша Хавиер Занети што мисли за ова, а директорот на Интер одговори: „Не сум ги слушнал коментарите, кога ќе го сторам тоа ќе направиме проценка и ќе видиме што понатаму“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here