Еден загинат, еден повреден, ова е црниот биланс од сообракајката што се случиутринава на булеварот Гоце Делчев во непосредна близина на Агенцијата за вработување.

Во критичниот момент, возачот на автомобилот марка Ауди 80 со светиниколски регистарски таблички, движејки се во правец од Штип кон Свети Николе, од засега непознати причини, загубил контрола врз возилото и удрил во железниот столб за улично осветлување.

  • Дека ударот навистина бил многу силен покажува сликата што ни ја испрати наш гледач рано утринава. На неа се гледа дека возилото буквално е преполовено на две. – Стенд ап Дејан Ефремов

За трагедијата што се случи утринава, со детали излегоа од СВР Штип :

  • Во незгодата на самото место животот го загубила 21-годишната сопатничка. Смртта ја констатирал доктор од итната медицинска помош. Возачот на патничкото моторно возило, со возило на Брзата помош Штип е пренесен во Клиничката болница во Штип заради укажување на лекарска помош, изјави, Гордана Панајотова – портпарол во СВР Штип
loading...

Загубата на млад живот, утрово беше шок за штипјани. За вакви и слични трагедии да нема во иднина, тие, ги советуваат возачите.

  • Треба младите да бидат претпазливи при управување на автомобил. Треба да не возат под дејство на алкохол, кажаа, анкетираните граѓани

Увид на местото на сообракајната несреќ а изврши јавен обвинител со екипа на Крим техника од штипската полиција. Истрагата е во тек.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here