Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кочани (Д.Р.) поради несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„ На 07.10.2015 година, пријавениот како градоначалник на Општина Кочани, спротивно на Законот за спречување на судир на интереси, склучил договор со Д.Е., сопруга на неговиот син за грант за проект со повеќе корисници под програма “Еразмус+”, со што и овозможил на Д.Е. да се стекне со противправна имотна корист од 226.630 денари. На 23.08.2017 година пријавениот, без одлука од Советот на Општина Кочани донел решение за пренос на 510.000 денари, од сметката на Општина Кочани на сметката на “Еразмус+”, со што предизвикал материјална штета на Буџетот на Општина Кочани, за истиот износ“, соопшти МВР.

loading...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here