Лука Модриќ во четвртокот вечерта беше прогласен за најдобар играч од страна на УЕФА за изминатата натпреварувачка сезона, признание кое секако е најзначајно за хрватскиот играч за врска кога се во прашање индивидуалните достигнувања.

Везниот фудбалер на Реал Мадрид доби најмногу од гласовите и ги остави далеку зад себе Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, а додека Серхио Рамос потенцираше дека нема човек кој повеќе ја заслужува оваа награда од Хрватот, од Португалија пристигна навистина бурна изјава.

Жорже Мендеш, агентот на Роналдо ја доведе во прашање наградата која му беше доделена на хрватскиот капитен, потенцирајќи дека неговиот клиент ја заслужил најпрестижната награда поради тоа што постигна 15 голови во Лигата на шампионите.

loading...

Истото мислење го делеше и Алегри кој призна дека Роналдо е лут од расплетот на гала вечерта во Монако, но на сето ова, крајно мирна и џентлменска изјава имаше Модриќ.

– Искрено, не бев изненаден од тоа што не дојде. Жал ми е што не беше со нас, но сигурен сум дека има своја причина поради која не е тука. Навистина сакав да го видам, но поради тоа што не беше во Монако, се надевам дека ќе го видам на друго место, – истакна Лука кој при своето официјално обраќање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here