Вистински хаос се случува во грчкиот фудбал, а тоа го потврди и скандалот кога се појави сопственикот на ПАОК, Иван Савидис со пиштол на теренот.

Претходно, грчкиот министер за спорт Јоргос Василијадис донесе одлука да се забранат сите натпревари во најсилното првенство во Грција, откако одржал состанок со премиерот Алексис Ципрас.

Сепак, Ципрас не сака да остане на тоа, па може да се повтори сценариото на Маргарет Тачер кога англиските клубови добија забрана да се натпреваруваат две години во европските натпреварувања.

loading...

„Не ме интересираат политичките намери. Оваа приказна ќе заврши наскоро и секој ќе одговара пред лицето на правдата за своите постапки“

Во меѓувреме, Василијадис организираше состанок со инстируциите во Грција и УЕФА, па конечната одлука ќе се знае наскоро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here