Повеќе од една четвртина од светската популација или 1,4 милијарди возрасни лица недоволно вежбаат поради што се подложни на зголемен ризик од развој на кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, деменција и рак, се вели во студијата спроведена од страна на Светската здравствена организација (СЗО).

Во 2016, на глобално ниво, секоја трета жена и секој четврти човек не се држеле до препорачаните упатства за физичка активност, за да одржат здрав ум и здраво тело, а тоа е најмалку 150 минути умерено или 75 минути интензивно вежбање во текот на неделата.

loading...

Од 2001 година не е забележано подобрување во физичката активност на глобално ниво, покажува студијата спроведена од истражувачите на СЗО. Најновите резултатите беа објавени во вторникот во стручното списание The Lancet Global Health.

Според собраните податоци, најниско ниво на вежбање во текот на 2016 година е забележано кај населението во Кувајт, Американска Самоа, Саудиска Арабија и во Ирак, каде што повеќе од половина од возрасните не се доволно физички активни.

„За разлика од другите големи ризици по глобалното здравје, податоците за физичка активност во континуитет не се менуваат на подобро. На глобално ниво, повеќе од една четвртина од возрасните не се придржуваат кон насоките за физичка активност и вежбање”, вели коавторот на истражувањето Регина Гатхолд од СЗО.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here