Ефикасните и безбедните лозинки се единственото нешто што ве штити на интернет, па затоа е важно да се води сметка за нив.

Ова се шесте најчести грешки што луѓето ги прават кога станува збор за лозинки на интернет.

1. Истата лозинка на повеќе профили

Користењето една иста лозинка на неколку различни интернет-страници е една од најчестите безбедносни грешки. Во една неодамнешна студија беше откриено дека дури 38 отсто од луѓето редовно ја прават оваа грешка. Истото важи и за лозинките во кои се користи ист збор. Затоа, направете си услуга и променете ги што побрзо.

2. Многу слични лозинки

Истражувањата покажуваат дека модифицирањето на една лозинка е многу вообичаена практика и дека модификуваните лозинки всушност се многу предвидливи. На пример, најчесто се користи истиот збор, кој е проследен од броевите 1, 2 или 3, се става голема почетна буква и слично. Ако сте меѓу оние што го прават ова, веднаш променете ја лозинката.
3. Мрзлив распоред на букви и бројки

Ова е резултат на избор на комбинација од бројки и букви што се една до друга на тастатурата. Најдобри примери се QWERTY, ASDFG123, YXCVBT итн. Ако не ви е јасно за што зборуваме, погледнете во тастатурата.
4. Љубов и омраза

loading...

Никој не зборува за тоа, но на сите им е јасно за што станува збор. Користењето изрази на љубов или омраза во лозинките. На пример, сигурно има некој корисник на интернет чија лозинка на страница за сирење е ILoveCheese99. Немојте и вие да го правите тоа.

5. Брендови или спортови

Истражувањата покажуваат дека голем број луѓе користат спортски термини како дел од лозинката, без разлика дали тоа е име на фудбалски или кошаркарски клуб, играч и слично. Истото нешто важи и за познатите брендови како „Кока-Кола“, „Пепси“ и слично.

6. Лозинката и хакерските напади

Најлошото нешто што можете да го направите е да не ја промените лозинката откако некоја страница ви јавила дека претрпела хакерски напад. Таа практика е честа кај повеќе од 70 отсто од луѓето дури една година по пропустот. Ако ја менувате лозинката по хакерски напад, направете го тоа како што треба: не користете вообичаени фрази, сленгови, места или имиња, туку креирајте си уникатна лозинка за секоја страница.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here