Македонија следната недела ќе ја добие поканата за членство во НАТО, по што ќе почне процесот на ратификување на протоколите за пристапување, а претставници од земјава ќе присуствуваат на сите состаноци на Алијансата, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Свечената церемонија на која на Македонија ќе и биде врачена поканата за членство ќе се одржи во Брисел на Самитот закажан за 11 и 12 јули.

„Со влезот во овој најмоќен сојуз, Македонија добива безбедна иднина и сигурен економски развој“ рече Шеќеринска.

Во пресрет на поканата за влез во НАТО, Владата на денешната седница го усвоила  Стратегискиот одбранбен преглед за долгорочен развој на Армијата, на кој се работело цели 12 месеци.

loading...

„Успеавме да го завршиме во рок од една година овој амбициозен документ којшто е клучен и со којшто се дефинира одбраната и нејзиниот развој,  рече Шекеринска и додаде дека Македонија ќе добие одбрана согласно стандардите на НАТО која ќе дава придонес за безбедноста на државата, но и целиот регион.

Во изработката на Стратешко одбранбениот преглед  биле консултирани и претставници од Кабинетот на  претседателот на државата и одлуките, како што рече Шекеринска, биле носени консензуално со Кабинетот на претседателот.

Со овој Стратешки преглед е планирано бројот на припадници во Армијата да изнесува 6800 и да се води сметка за правична застапеност на заедниците но и за родовата застапеност. Со претходниот Стратешки преглед кој бил донесен уште во 2004 било планирано Армијата да брои 8200 припадници, но оваа бројка никогаш не била целосно пополнета – туку се стигнувало до 6600.  Исто така, се предвидува дека за 5 години или до 2024 година, буџетот кој ќе се издвојува за Армијата ќе биде 2% од Бруто домашниот производ како што предвидуваат стандардите на НАТО. Годинава се издвојува 1 процент од БДП за Армијата.  Со зголемувањето на платите за сите припадници во Армијата од 1 јануари годинава, најниската плата во војската е повисока од 23 000 денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here