Дали некогаш сте се прашале што би се случило со Земјата ако луѓето одеднаш ги снема? Ние сме најголемите виновници за уништувањето на природата, што според многу научници евентуално ќе нѐ уништи нас.

Одговор на ова прашање дава екипата на Facebook страницата What if.

На Земјата живеат најмалку 7,6 милијарди луѓе и тој број секојдневно се зголемува. Иако како луѓе сакаме да ја величаме нашата важност, нашето влијание на планетата најлесно можеме да го сфатиме ако размислиме што би се случило со неа ако нас нѐ нема.

loading...

По неколку секунди

Кога сите луѓе би исчезнале од Земјата, веднаш би настанал хаос. Ќе паѓаат авиони, возовите ќе излетуваат од шини, а автомобилите без возачи ќе влетуваат во судари.

По еден час

По еден час ќе почне да се случува масовно помрачување во дел од светот. Електраните што создаваат струја од фосилни горива би престанале да работат без горива, а без човечки надзор не би функционирале ни оние што работат на погон на ветер или вода.

По еден ден

Следниот ден компјутерите автоматски ќе ги исклучат погоните во нуклеарните електрани и така би се спречила катастрофа. Светот ќе биде целосно без електрична енергија.

По три дена

На третиот ден лондонскиот Биг Бен би отчукал за последен пат, имајќи предвид дека се навива на секои три дена. Улиците би биле полни со животни. Домашните миленици и животните од зоолошките градини би се ослободиле или би пцовисале од глад.

По 10 дена

По десет дена би попуштиле безбедносните мерки во нуклеарните електрани и ќе почнат верижни експлозии. Притоа би се испуштала токсична радијација во дел од светот. Животните во погодените области би изумреле, но другите би преживеале. Стоката и домашните животни би се повлекле во планините, а супермаркетите би биле полни со глувци и стаорци.

По неколку години

По неколку години, градовите какви што ги знаеме денес ќе почнат да наликуваат на тематски паркови. Радијацијата би била расчистена, а вегетацијата би ги „освоила“ улиците и зградите. Нешто слично со Припјат по нуклеарната катастрофа во Чернобил.

По 30 години

По 30 години, сателитите кои ги имаме испратено во вселената ќе се вратат на Земјата. Куќите, зградите и облакодерите ќе почнат да се рушат, а во некои приморски места морето би голтало цели градови.

По 40 години

Глобалното затоплување би продолжило и 40 години по нашето исчезнување.

По 60 години

За 60 години морскиот свет би се опоравил од штетата направена досега од човекот.

По 150 години

Урбаните средини би се вратиле во своите природни состојби. Лондон би бил мочуриште, а во Ванкувер ќе ѕиркаат врвовите на зградите од под снежната покривка. Лас Вегас ќе изгледа како еден огромен песочен дворец.

По 230 години

230 години по нашето исчезнување, растенијата и дрвјата би го исчистиле целиот јаглерод диоксид од атмосферата. Шумите би го зафаќале поголемиот дел од Северна Америка, а единствениот знак дека некогаш таму имало цивилизација би биле остатоците од челик и пластика.

По 500 години

По 500 години шумите ќе бидат поздрави отколку во изминативе 10.000 години, а природата ќе ја има избришано секоја трага за човековото постоење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here