Надлежните органи во ФФМ, дисциплинската комисија, како и комисијата за натпреварувања во следните денови ќе имаат доста работа, а причината е жалбата на Академија Пандев.
Струмичани бараат службена победа против Шкендија бидејќи Шкендија играше без младинец откако Енис Фазлагиќ доби црвен картон во 21. минута, а тимот од Тетово нов млад фудбалер стави дури во 37. минута кога во игра влезе Шефити.
Правилот според прописити на ФФМ гласи: “Сите клубови учесници во Првата лига мораат да го започнат и завршат со еден домашен фудбалер кој нема навршено 21 година“.
Сепак не е јасно толкувањето на овој член, дали треба постојано да има еден млад фудбалери, или пак важно е да се почнат и завршат првите 45 минути со младинец.
ФФМ веќе есенва имаше еден ваков проблем кој брзо доби разрешница. Кожуф се жалеше за мечот против Тиквеш кој заврши со 1-1, бидејќи гостите од Кавадарци пред полувремето направиле измена и останеле без младинец.
Кавадарчани добија казна од -3 бода, а и беше одземен и освоениот бод, па останаа покуси за 4 бода.
Доколку се прогласи Шкендија за виновна, за очекување е да и бидат одземени трите бода од победата и дополнителни три како казна, со што тетовчани би биле покуси за -6 бода, па така Вардар би се вратил и тоа како сериозно во трката за титула.