Сите љубители на Corvette со нетрпение ја очекуваа најновата ZR1 варијанта на седмата генерација на американскиот спортски автомобил, претставен за прв пат како концепт во 2014 година.

Со максимална брзина од 341 км/ч., за која е задолжена мотор од 755 коњски сили и 970 Nm вртежен момент, ZR1 е побрз и далеку помоќен модел од било кој произведен модел досега. Тој исто така е еден од технолошки најнапредните спортски автомобили во светот, со одличен стил и “стратосферски” перформанси.

loading...

Потполно алуминиумската рамка претставува есенцијална компонента на ZR1, а под хаубата се наоѓа 6,2-литарскиот LT5 V8 мотор.

Сите кои се љубители на големата брзина добиваат избор помеѓу осумстепениот автоматски менувач или популарната Tremec мануелна трансмисија.

Наспроти солидната тежина на моделот од речиси 1600 килограми, Corvette ZR1 е вистински “спринтер” на кој за забрзување од 0-100 км/ч. му се потребни само три секунди.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here