Samsung го пушти на пазарот во Кина смартфонот Galaxy S Light Luxury – тоа е уред кој според претходните гласини требаше да се продава под името Galaxy S8 Lite. Тоj е со продукт код SM-G8750 и нуди 5.8-инчен Infinity Display со сооднос 18.5: 9. Сепак, резолуцијата е сведена на FHD +.

Друга карактеристика на Galaxy S8 која недостасува е сензорот за срцев ритам. Процесорот исто е послаб од оној на минатогодишниот предводник откако е употребен Snapdragon 660. При камерите сопствениците на Galaxy S Light Luxury ќе добијат 8 мегапикселна за селфи и 16 мегапикселна главна.

Samsung задржа IP68 сертификат, која гарантира отпорност на прав и вода. Батеријата исто не е променета, а капацитетот е од 3000 mAh и во комбинација со ергономски чипсет, би требало да обезбедува одлична автономна работа. Меѓу другите спецификации се 4 GB RAM и 64 GB меморија за апликации, а оперативниот систем е Android 8.0 Oreo.

loading...

Цената на Galaxy S Light Luxury во Кина е 3.999 јуани (533 евра), но за време на прелиминарните нарачки може да се земе за 3.699 јуани (493 евра).

Засега, уредот е достапен само во Кина, и сè уште е нејасно дали ќе биде достапен и на други пазари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here